
Клучни сведоци, маратонско рочиште и опомена од експертите за начинот на кој го води предметот судијката Добрила Кацарска
23 часот и 5 минути пред полноќ во записникот на предметот „27 април“, судијката Добрила Кацарска заведе КРАЈ на рочиштето. 13 часа маратонски распит на сведоци, рекорд во судската пракса впиша кривичниот суд во Скопје. Поднаведнат на пултот за испрашување, мешајќи ги имината од кобниот четврток заради умор, последни зборови кои одекнаа доцна во ноќтта беа сведоштвата на Сашо Тасевски. Сегашниот директор на Бирото за јавна безбедност се соочи со неговиот поранешен шеф, Митко Чавков и дел од обвинетите како насилници на тој ден.
„Излегов од службенотот возило и се упатив кон пресот салата за да ја пронајдам ВИП личноста која службено ја обезбдував. Таму лица со качулки на главата се обидуваа да влезат во пресс центарот. Јас го извадив пиштолот и кажав – полиција, за да не пристапуваат кон личноста која ја заштитувам, и тогаш нагрнаа да ме удираат и навредуваат“, сведочеше Тасевски.
Сведокот пред Тасевски, ги посочи обвинетите пратеници Крсто Муковски и Сашо Василевски дека ја отвориле собраниската капија за да влезе толпата, а пред него заменик-министерот Агим Нухиу, три часа одговараше на прашања. За 13 часа во судницата се доручкуваше, ручаше, а еден обвинет побара и лекарска помош. Сепак, според првата судијка Добрила Кацарска не постоеа причини рочиштето да продолжи во вторник.
Се што предвиде – реализираше во вчерашниот ден со што ги прибра реакциите од правниците доцна по полноќ. Еекспертите, пак, велат дека исцрпувањето на странките во постапката, Европскиот суд за човекови права може да ги оцени како неправично судење.
За да се одржи „27 април“ во недоглед, се одложија предметот за „Насилствата во Центар“ и предметот „Топлик“. Без одбрана остана обвинетиот Миле Јанакиевски, а неговите адвокати добија казни од по илјада евра од Судечкиот совет, бидејќи не се појавиле на рочиштето.
Ако синоќа тројца адвокати не можеа да бидат на три рочишта истовремено од Коалицијата за правично судење прашуваат како обвинетиот Мунир Пепиќ и во „Титаник“, и за „27 април“ ќе може да се брани во двата предмети, кога Кацарска закажа 17 рочишта за 27 април во месец октомври, или безмалку секој работен ден. Одговор на овие прашања даде судот.
Според претседателот Иван Џолев судијката постапува според судскиот деловник, Законот за судови и Законот за водење кривична постапка. Кацарска според Џолев не го одлоговлекува процесот за да постои причина за жалба до Стразбур, информира Џолев. „27 април“ продолжува со доказна постапка, а веќе за во вторник се предвидени нови четворица сведоци предложени на обвинителството, кои треба да се спротистават на 33-цата обвиенти за насилствата од ланскиот крвав четврток, a веќе во понеделник Колацијата за правично судење ќе поднесе претставка до Судкиот совет за начинот на водење на овој предмет.
Павле Беловски