Климатските промени ги намалуваат приносите на плодовите на Пелистер

Се намалува интересот за собирањето плодови и ароматични растенија во најстариот Национален парк во државата Пелистер, некогаш извор за егзистенцја на голем број битолчани. Но, климатските промени ги намалуваат и приносите кај плодовите, како на пример боровинката, која поради затоплувањето се поместува на повисоките предели.

Боровинката бара поладно место, а моликата се шири поради затоплувањето на климата па боровинката е принудена да се качува повисоко. Сепак намалувањето на плодот може да е и поради се помалку врнежи и потопли лета,

вели проф.др Тошо Арсов, експерт за растителни плодови.

По двегодишно теренско истражување на Пелистер, експертите  изработија 15 дигитални мапи за распрострaнетоста на самоникнати лековити и овошни растенија. Со овие истражувања утврдено е дека старосната структура на собирачите се зголемува, а кај младите нема голем интерес. Економски испплатливите плодови како боровинката, шипинката и смреката се поатрактивни за собирачите, во одност на лековитите ароматични растенија кои се собираат за сопствена употреба.

Во рамките на овие дигитални мапи, покрај мапите за растителните видови и на каква почва се овие ратителни видови. Какава е почвата под боровинката, мајчината душица и друг растителни видови,

рече проф.др. Силвана Манасивска Симиќ, тим лидер на проектот.

Проектот кој има за цел да обезбеди поголема заштита и одржлива употреба на шумките плодови, е финасиран од ЕУ и УНДП. Покрај истражувањата беа спроведени обуки за собирачите и врботените во паркот, за да се подигне јавната свест, а ќе биде објавен  и прирачник  со мапи и препораки како да се собираат овие растенија.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ