Кировски: Грција ќе го почитува Договорот од Преспа

Главниот и одговорен уредник на Телма Атанас Кировски ја коментираше позицијата на Грција околу идното почитување на Договорот од Преспа.

Според Кировски политичките и стратешките позиции на Атина се градат пред се во релација на комплицираните и сензитивни односи со Турција.

„Грција не може да си дозволи да прекрши меѓународен договор. Ако Атина прекрши меѓународен договор тогаш ги загрозува односите и поддршката од своите стратешки сојузници. Не може Грција да си дозволи таков ризик. На страна што станува збор за консолидирана демократија“.

„Од друга страна пак гледаме како потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски со невидена леснотија си дозволува да кажа дека еднаш кога тие би дошле на власт ќе го укинеле договорот или би донеле подобар. Не можам да ја разберам леснотијата и несериозноста на ваквите изјави. Баш би сакал да го видам да донесе подобар договор со Мицотакис. Или да се обидат да го укинат. Тоа би значело комплетна меѓународна изолација за Македонија“, заклучи Кировски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ