
Киро Здравев едногласно избран за претседател на Судскиот совет
Зад параванот сите 12 мина присутни членови на судскиот совет го заокружиле единствниот кандидат на гласачкото ливче врховниот судија Киро Здравев.
Во жешкото столче од кое си замниува Зоран Караџовски, Здравев седнува со ветување дека ќе ја врати разнишаната доверба на граѓаните во судството.
Во својата прва изјава за медиумите го цитираше Прибе и Сократ.
Со незавршените постапки за одговорност на судии Здравев најавува дека ќе се зафати сериозно од есен а уверува дека никој нема да биде исклучен од одговорност. Постпаки се водат и за повеќемина врховни судии поради укинатиот притвор на бизнисменот Кочан и за бегалаците од УБК Грујевски и Бошковски.
Еден од овие судии е и претседателот на Врховен, Вангеловски, кој е член по функција, ретко доага на седници но денеска се појави во советот а резултатот покажува дека и тој гласал за Здравев.
Здравев рече дека има сознанија за посебниот извештај на СЈО во кој се посочуваат судии кои работеле под политичко влијание.
Очекува да биде отворена оваа тема пред советот но не откри дали тој лично ќе го иницира ова прашање.
Караџовски останува како член на советот уште година и 4 месеци а на наследникот му посака помирен мандат од неговиот.
Членовите на советот со 11 гласа , за заменик го избраа Селим Адеми кој е член избран како предлог на собранието а мандатот завршува во октомври годинава
26 годишната судиската кариера Киро Здравев ја започнал во штипскиот општински суд во 1983, преку штипска апелација каде се задржал 8 години во 2004 е избран за врховен судија.
Во декември минатата година стана дел од највисокото судско тело што бира и разрешува судии.
Елена Ивановска Мукоска