
Кирацовски лобирал за проектот на Боки 13, но не знаел дека рекетира
Пратеникот Александар Кирацовски не се препознава во псевдонимот Кики, не знаел за рекетот на Бојан Јовановски, а со него има само една фотографија и тоа на барање на Боки 13 – ка. Ова го посведочи пред новинарите откако претходно сведочеше пред обвинителката Вилма Русковска која го води случајот Рекет.
Сепак за проектот на Меѓународниот сојуз на Боки со кој требало да се градат старечки домови Кирацовски знаел. Не посредувал кај градоначалникчата на Битола, ама лобирал за да успее.
И додека од 10 часот Кирацовски даваше исказ пред обвинителката, неговиот пријател за фотографирање како што вели и самиот од Шутка беше префрлен на торакална хирургија. Од таму за телма потврдуваат дека Јовановски се жалел на болки во стомакот.
Инаку Кирацовски убедува дека сведочел само во еден сегмент од целиот случај рекет и тоа што се однесува за проектот во Битола како негов роден град. Рекетираните бизнисмени не ги познавал, не го знаел осомничениот Зоран Кичеец, а не бил близок ниту со специјалната обвинителка Катица Јанева.
Билјана Николовска