
Кирацовски ги обвини ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за блокада на Кривичниот законик
Мали се шансите овој парламентарен состав да ги донесе измените на Кривичниот законик со кои се зголемува рокот на застареност на кривичните дела сторени од поранешни функционери за една третина.
Безуспешни беа обидите во текот на целиот ден да се обезбеди кворум за работа на комисијата за политички систем.
Претставниците од ВМРО ДПМНЕ и од ДУИ не дојдоа.
Претседателот на комисјата Александар Кирацовски ги обвини дека ја кочат правдата.
ВМРО ДПМНЕ и ДУИ си ја префрлаат одговорноста едни на други. Зафатени биле со други комисии.
“Барајте од ДУИ, тие не беа внатре, да ви кажат како им стои коалицијата, нашите пратеници беа ангажирани на други комисии(членови и заменици) , затоа што денес има повеќе комисии во исто време.И сите ги тераат набрзина без да почитуваат дали има кворум за работа или не” – вели координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Со измените на Кривичниот законик се продолжува и рокот за две години за застарување на првостепените пресуди.
Причина за негово поднесување беше застарувањето за кривичното дело ,,Траекторија,, во кое беше обвинет поранешниот премиер Никола Груевски.
ВМРО ДПМНЕ претходно даде начелна согласност најавувајќи свои предлози , да не застаруваат дела на функционери и политичари и да не можат аболицирани лица да бидат избрани на високи и раководни функции .Но заложбите не се имплементираа.
Јулијана Пешевска