Кинескиот амбасадор во Израел пронајден мртов во неговиот дом

Кинескиот амбасадор во Израел, Ду Веи, е пронајден мртов во неговиот дом, потврди денеска израелското Министерство за надворешни работи.

Веи во земјата пристигнал во февруари, откако од 2016 до 2019 година бил амбасадор во Украина. 57-годишниот Ду Веи е оженет и има син, но неговото семејство допрва требало да му се придружи во Израел. Израелската полиција го испитува случајот, но првичните сознанија се дека не станува збор за нешто сомнително, и веројатно починал во сон.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ