Микиќ: Еден заболен може да зарази четврица нови, следиме 650 контакти

Еден заболен од коронавирус може да зарази нови три до четири лица, покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје. Новите заразени моѓат да ја пренесат болета на идентичен број луѓе со кои биле во контакт.

„Едно лице во просек заболува 3 до 4 лица. Тие исто така можат да заболат 3 до 4 лица Тоа е геометриска прогресија. Од еден заболенво Скопје  имаме преку 180 контакти каде немаме ниту еден случај. Во Дебар пак од двајца заболени инајдовме 100 контакти од кои 20 беа заразени “, појасни д-р Микиќ во интервју за „Топ Тема“.

Микиќ кажа дека ИЈЗ во моментов следи 650 контакти во целата држава и додаде дека затварањето на СКопје како Дебар се разгледува како опција но тоа е тешко да се изведе..

Анализите на ИЈЗ и светски искуства покажуваат дека периодот на инкубација варира, до 14 дена, а најчесто е од петиот до осмиот ден. Вторите контакти речиси немаат шанси да се заболат.

„Затоа испитувањата мора да бидат фокусирани и да може да ги издвоиме високо ризчините контакти и да спречиме еветуалното ширење на вирусот“, изјави д-р Микиќ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ