
Kиднапиран и убиен македонски државјанин во Авганистан
Македонски државјанин е киднапиран и убиен во Кабул, главниот град на Авганистан. Тој бил ликвидиран заедно со уште двајца странски државјани со кои работел во „ Содексо“, втора по големина компанија во светот, за храна и кетеринг. Информацијата ја пренесе агенцијата Ројтерс.
„Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени. Ги пронајдовме нивните тела, изјави портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Хашмат Станекаи.
Личните карти биле пронајдени покрај телата на тројцата убиени . Сега авганистанската полиција бара потврда од компанијата за која работеле. Од МНР ја потврдија информацијата за Телма. Велат дека се во интензивни контакти со Кабул, но поконкретни детали за случајот најавија за подоцна во текот на денот.
Сотир Трајков