Ќерката го организирала убиството на родителите во Дебар

Нови 30 дена притвор за 28- годишната  Блерта Поцести, која е осмничена за тројното убиство на нејзините родители и помалата сетстра, што се случи пред десетина дена  во Дебар. Притвор е опреден и за 31- годишен жител на Гостивар и 62 -годишен маж од Дебар, кои се сомничат дека помагале во извршување на убиствотот.

Блерта, која беше приведена завчера,  пред полицијата признала дека е организтор на убиството, но не и убиец, а мотив било тоа што  родителите не и дозволувале да се омажи за Италијанец, пишува весникот на албански јазик Коха. Форензичарите пак, според весникот, во куќата каде се пронајдени убиените, пронашле траги од  Блерта, но не и од други лица.

Италијанските медиуми пак, деновиве пишуваа дека најстарата ќерка во семејството Поцести, била регистриран корисник на наркотични дроги.

Амид и Назмие Поцеста, на возраст од 54 и 53 години и нивнта 14- годишна ќерка Анила, беа застрелани со пиштол ноќта  на 26 август, додека спиеле во  семјната  куќа во Дебар. Нивните тела ги пронајдоа роднини следната вечер. Инаку сопружниице Поцеста со своите три ќерки  долги години живееле во Италија, а во Македонија дошле на семејна веселба. Се претпоставува дека најстарта ќерка по убиството веднаш заминала за Италија, а потоа се вратила  за погребот на родителите и сестрата.

Гостиварското обвинителство донесе наредба  за  истрага против  трите осминичени лица, која треба да го расветли за тројното убиство во Дебар.

 

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ