Кедев: Министерот Филипче треба да образложи зошто потпаднал под политички притисоци од Владата

Вечерва гостин во Ноќно студио беше кардиологот Сашко Кедев, кој прв во светот имплементираше нова метода за спречување на мозочен удар.

Тој го објасни новиот иновативен метод на каротидно стентирање, но полемично додаде дека повеќе не е во тимот на кардиолози на клиниката.

Кедев повеќе не е во тимот на Кардиологија, која сега има двајца доктори кои немаат искуство со каротидно стентирање.

Тој кажа дека Филипче го сметале за свој човек како талентиран неврохирург, како група од лекари клучни за овие иновативни интервенции.

„Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог специјалист. Има нов директор, нов раководител, кои не се меѓу првите 5 интервентни кардиолози. Тоа Филипче го знае, но ништо не презема. Ќе биде тешко во иднана да објасни дека потпаднал под политички притисоци за назнаување на кадри“.

Кедев додаде дека министерот Филипче треба да образложи дека добивал притисоци од врвот на Владата. „Си ја зема одговорноста на себе, а многу брзо ќе се врати во фелата“.

Слушаме за нов Клинички за огромни суми. Овие суми, овие макети кои ги гледаме не се суштината, не е суштината во циглите и макетите. Најважна е компететноста, стручноста на раководните лица. Сега назначени на позиции се маргинални луѓе, административци.

Кедев е загрижен за состојбите во интервентната кардиологија и дека поради негрижата таа може дапрејде во доменот на приватното здравство.

Клиниката за Кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите, додаде Кедев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ