
Кечеец ќе соработува со Јанева и Боки 13, ако имаат слична или иста одбрана
Второ осомничениот за Рекет, Зоран Милевски Кичеец ќе соработува со останатите осомничени, ако имаат иста или слична одбрана. Ова за Телма го тврди адвокатот на Кичеец, Александар Новаковски откако претходната недела адвокатите на Катица Јанева и Бојан Јовановски негодуваа што обвинителството не им дало да го видат сведочењето на Милевски. Новаковски не сака многу да ги коментира изјавите на неговите колеги во кои беа зачудени зошто се крие исказот на Милевски. Новаковски вели дека истрагата за случајот само што заврши а веќе јавноста премногу е заинтересирана за него. Постапувам внимателно особено поради тоа што меѓу осомничените има и лице која била на висока позиција во правосудниот систем, вели Новаковски.
Одбраната се дава во суд, а и бранењето со молчење или давање исказ, и признанието на вина е легитимно, а адвокатот може за се да укаже на последиците на својот властодавател, но на крај одлуката ја има осомничениот. Во овој момент сакам да истакнам дека ке соработуваме со другите осомничени, ако имаме иста или слична одбрана. Прашувам дали треба судењето и ставовите и стратегијата на одбраната да се води пред медиуми, вели Александар Новаковски – адвокат.
Јанева и Боки 13 ка од притвор беа донесени на распит во обвинителството но во исто време обвинителката им даде и решенија дека истрагата е завршена. Но тие одбија да се бранат без претходно да ги видат доказите. По ова започна и увидот но адвокатите обвинија дека не се почитува постапката бидејки обвинителката Вилма Русковска на увид не го дала сведочењето на второосомничениот Зоран Милевски Кичеец. Пред да биде осомничен Кичеец даде исказ во обвинителството, но не се знае дали и втор пат дал исказ како осомничен. Неговиот адвокат пак вели дека тој до сега воопшто и не ги побарал изјавите на останатите осомничени, од кои некои дојдоа заедно со адвокат.
Од обвинителството за сега молчат, ти ги упатиле адвокатите да си ги бараат сведочењата еден од друг. Инаку и следната недела ќе продолжи увидот во доказниот материјал кои го вршат адвокатите на Јанева и Боки 13 ка, Дуковски, Фрчковска и Кадиев. По ова ќе осомничените ќе треба да дадат и исказ во своја одбрана како и нивни докази. Според непотврдени информации увид во претметот оваа недела ќе има и Зоран Милевски Кичеец. За разлика од Јанева и Јовановски кои се уште се затвор, Кичеец се брани од домашен притвор откако согласност за тоа даде и обвинителството.
Билјана Николовска