
Ќе се ревидира Законот за абортус
Законот за абортус се најде високо на листата за ревидирање на министерот Филипче. Постапката е при крај, но деталите за тоа што точно ќе се смени во текстот ги одложи за некој од наредните денови. За кусо време ќе се знае дали измените задираат и во задолжителните советувања за жените што сакаат да ја прекинат бременоста, за што граѓанските активисти беа најгласни и со најостри критики кога се носеше законот.
„Во МЗ остануваме посветени и како еден од приоритетите ни се сите закони и процедури за уанпредување на здравјето на жената. При крај сме со ревизијата со законот за абортус кој наскотро ќе биде пушртен во соодветна процедура. Со заедничко делување ќе содадаеме општество кое ќе биде ослободено од насилство и семејното насилство воопшто“, кажа Венко Филипче, министер за здравство.
Законот беше донесен пред пет години по итна постапка, неговото носење беше проследено со бурни реакции во јавноста. Тогаш на нозе се кренаа голем број невладини. Организираа низа протести и бараа измени во кои ќе биде вклучен и граѓанскиот секотор, но завршија без посакуваниот епилог.
Министерот Филипче покрај измените во Законот за абортус, денеска најави и нови услови околу издавањето приоритетни упати. Дециден е дека нема да се укинат, но нема да постои општ приоритетен упат. Ќе мора да биде напишана точната дијагноза, а документот нема да важи цела недела, туку пацинетот ќе мора да биде прегледан во наредните 24 часа.
Весна Јовановска Дојчиновска