Ќе се проблематизира извозот на земјоделски производи во Косово?

Македонските производители се во грч пред мерките за заштита на земјоделските производи што Косово планира да ги воведе од утре.Иако косовската влада сеуште не го прифатила предлогот на Министерството за трговија и индустрија, за 30 % да се зголемат царините на овошјето и зеленчукот што влегуваат во земјата, македонските земјоделци веќе пресметуваат колкави би биле штетите врз нивното производство и извоз.

Македонската влада сеуште нема добиено никакво известување за ваквата намера.Од Министерството за економија велат дека согласно правилата на ЦЕФТА, ќе чекаат официјален допис дека мерката е усвоена од страна на косовската влада.Доколку такво писмо добијат дури тогаш ќе заземат став дали ќе се воведат реципрочни мерки кои не се исклучува можноста да се оденсуваат на отпадно железо или амбалажирана вода.Од косовското мин. за трговија пак за Телма рекоа дека не отстапуваат од намерата за заштитни мерки и дека немаат обврска да ја информираат македоснката влада. Немаат одговор дали ќе ги повлечат заштитните мерки со кои ќе се зголемат давачките за увезените производи откако тоа од нив го побараа и косовските трговци.Трговците сметаат дека домашното производство на некои од производите кои сега ќе бидат заштитени, не задоволуваат ни 10 % од потребите на домашниот пазар. Бараат проценката да се прави врз основа на барањата на потрошувачите бидјеки планираната мерка ќе ги поскапе производите и ќе создаде проблеми со потребите на пазарот.

Доколку Косовското Министерството за трговија не се откаже од својата намера, косовските трговци најавија протести и отпуштање на вработените. Косовското министерство за трговија во петокот донесе одлука за заштита на 21 вид овошје и зеленчук која треба да стапи на сила утре. Од почетокот на годинава извозот во Косово изнесува 6020 тони земјоделски производи или 93 милиони денари а во 2017 извозот тежел 9400 тони или 145 милиони денари.

 

Виолета Зајкова Стојановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ