
Ќе се подобрува состојбата со родилиштата во државата
Намалена е смртноста на новороденчиња, а статистиките допрва ќе се подобруваат, оптимист е министерот за здравство Венко Филипче.
Освен дотраената апаратура во родилиштата низ земјата, проблем е и дефицитот на лекари.
Нова опрема ќе биде донирана на клиничката болница во Тетово и општата болница во Куманово, како и на Клиниката за детски болести и болницата за гинекологија и акушерство Мајка Тереза во Чаир.
Проблемот со дефицитот на кадар, пак, ќе се решава со дообразување и специјализација на доктори во Германија и Холандија, со цел тие да се усовршат за операции кои се уште не се прават на клиниките во Македонија.