
Ќе се отстрани и втората од трите галии во коритото на Вардар
Непловните бродови на Вардар ќе отпловат во минатото – цврсто стојат на ставот раководните луѓе на Град Скопје.
Три галии се во коритото на реката во строгиот центар на градот, а градските служби ја добиле правната битка за остранување на две – онаа спроти зградата на Мепсо како и галијата кај Холидеј Ин.
Градоначалникот Шилегов за првата објави уште во март дека дава рок од 30 дена да биде отстранета, но вонредната состојба и пандемијата ги одложи планираните активности.
Сега Шилегов го известил закупецот и на галијата кај Холидеј Ин дека го раскинува договорот и со него.
Причината за раскинување на договорот е неплатен долг од четири месеци.
Иако тврдат дека долговите ги платиле и тоа е нивниот официјален став, од менаџментот на бродот не ни покажаа доказ.
За нив одлуката на Градот е политичка игра.
Петар Догов