
Ќе се намалуваат трошоците за извршување
Ќе се намалуваат трошоците при постапките за извршување. Министерството за правда на големо анализира што конкретно ќе се менува во регулативата, за граѓаните да не плаќаат високи суми при извршуувањето, надвор од долгот кој го имаат. Премиерот Заев вели се проверува и работењето на извршителите, нотарите, адвокатите и нивните тарифи, зошто додека 200.000 граѓани се со блокирани сметки, одредени професии екстремно се богатат.
„Ние донесовме закон кој што дефинитивно ќе ги отстрани ваквите калемења на трошоци. Размислуваме понатаму дури и за развивање на законски решенија кое што ќе помогне понатаму во каматите, се плаќаат огромни камати, па затезни камати па слично. Ако сакаме среќна државаа државата мора да води грижа токму и за тоа. Министерот за правда прави сериозна анализа и на работењето на извршителите, нотарите, па дури и на адвокатските комори и адвокатскиет тарифи за да може дефинитивно да направиме едно фер општество.Затоа што имаме фели и професии кои што се екстремно богати, тоа го гледаме од пренесени јавни овластувања, а од друга страна народот ни плаче со преку 200.000 трансакциони сметки, заглавени во еден бесконечен лавиринт,“ вели Заев.
За 20-те милиони евра кои што извршители годинава ги наплатиле од државните институции, кои што вчера ги објави „Телма“, премиерот вели тоа се стари долгови.
Од Министерството за правда не одговорија, на какви законски измени конкретно работат. А од невладините кои се за Стоп за извршителите, за „Телма“ велат дека според нивните информации се работи на измени во Законот за облигациони односи со кои ќе се намалат трошоците за каматите кои се трупаат со години. А правда бара и решение за отпишување на некои стари долгови, и за отпишување на каматите на јавните претпријатија. Но што конкретно ќе се донесе не знаат. Велат новата регулатива треба да се носи брзо, најверојатно до крајот на годинава.
Александра Филиповска