
Ќе се менуваат парите Народна банка со тендер за нови десетденарки
Народна банка распиша тендер за изработка на банкноти од полимер со апоенска вредност од 10 денари. Тендерот е за набавка на 20 милиони десетденарки, а во тендерската документција е наведено дека дизајнот вклучува и промена на името Народна банка на Македонија во Народна банка на Република Северна Македонија, како и дека НБРМ се менува во НБРСМ, секаде каде што се споменува на парите. Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвораат на 15 мај.