
Ќе се ловат заболени меѓу критични категории граѓани за да може мерките да олабават
Вработени во градинки, во домови за стари луѓе, полицајци, таксисти возачи во ЈСП, шалтерски работници и пациенти пред да се примат на болничко лекување.
Ова се неколкуте категории на луѓе меѓу кои ќе се ловат заболени од корона вирус, а нема да биде по постоечкиот алгоритам.
Ова го најавија од Институтот за јавно здравје каде се прави план како ќе бидат таргетирани луѓето кои ќе се тестираат.
Скринингот ќе започне од следната недела а целта е да се направи и проценка за олеснување на рестриктивните мерки.
Во текот на следните денови ќе се изработи новиот алгоритам и ќе се одлучи колкав ќе биде бројот на тестови што ќе се прави дневно.
Алгоритмот ќе го имаат матичните доктори а преку Мој Термин ќе закажуваат тестирање според дневните можности.
Се планира и испитувања на групи по возраст и по хронично болни.
Планот е брисевите да се земаат во постојните пунктови и да ги транспортираат до центрите за јавно здравје од сите градови, во лаборатории со кои ќе се договорат.
Министерството за здравство повторува дека од почетокот на епидемијата се тестираат само пациенти со симптоми и според нив ова имало добри резултати.
Најавуваат дека сега тестирањето ќе продолжи по нова методологија а ќе ги слушаат препораките на епидемиолозите.
Инаку Телма веќе ги спореди бројките на тестирања и оздравени во последните десет денови и статистиката покажува дека дури една треттина од тестовите се трошат за веќе оздравените.
Билјана Николовска