Ќе се легализира ли ГМО храната во Македонија?

Македонија е на чекор до укинување на нулта толеранцијата кон ГМО храната. Агенцијата за храна и ветеринарство од Владата чека одлука за новиот правилник за регулација кој е усогласен со европските стандарди каде се дозволува до 0,9 проценти присуство на генетски модифицирани организми во една состојка на храната. Сличен пристап треба да се примени и во Македонија.

Новата рамка на законски прописи се носи во консултација со организацијата на потрошувачи, бизнис групациите и стручната фела.

Македонските граѓани имаат право да знаат што консумираат и затоа на сила и натаму е воспоставената контрола на квалитетот на храната.

По направените анализи во август се утврди дека се продавале ГМО шницли и трошки од соја, а во кочанско дека се произведувал и ГМО ориз од увезено семе. За операторите и трговците беа изречени високи парични казни, а храната со ГМО беше повлечена, запленета и дадена на уништување.

За подобра контрола над пазарот и комерцијалните субјекти неопходни се напредни лаборатории со меѓународни акредитации кои навремено и прецизно ќе вршат анализи на ГМО состојките.

Според досегашните законски прописи генетски модифицираната храна мора да носи јасно назначена ознака, без оглед дали е на тој начин произведена или пак има ГМО состојка во себе.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ