Ќе се извлекуваат косовски туристи од Дебарските бањи -Цапа

Во Дебар во последните 24 часа има нови заболени од Коронавирусот. Општинскиот штаб информираше дека во согласност со Владата се подготвува протокол за евакуација на туристите од Косово кои се заглавени во во Дебарските бањи – Цапа. Од Дебар, Кенан Мимидиновски.

Расте бројот на заболените од Корона вирус во Дебар. Денеска таа бројка е 36, соопшти оперативниот штаб . истиот извор информираше дека до сега  се извршени тестови на 21о лица кои имале контакти со првите заболени. Од наведената бојка на заболени   лица 13 се во клиника во Скопје додека 23 се во домашна излолација . Заедно со сомнителните лица вкупниот број на лица во изолација е над 13о изјави градоначалникот Хекуран Дука ,кој го ракловоди и локалниот штаб .

Раководителот на единицата за јавно здравје епидемиологот Ментор Мела изјави дека покрај овие тестирања  ке има и други  тестирања на лица за кои  се од кругот на болните .

Се подготвува протокол за евакуалција на заглавените држанијани на Косово, кои се сместени во Дебарските бањи – Цапа  рече Дука и додаде дека  во  Дебар продолжува да пристигнува помош во храна и хигиенски средства .  Денеска за илјада семејства во градот и селата во брашно и дриги прехранбени артикли достави претставник на електростопанство на македонија , истакна Дука .

СВР соопшти дека изминатово деноноќие, безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. На терен, полициските службеници  преземаат најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките на Владата и заштита на граѓаните и спречување на ширење на коронавирусот.

Кенан Мимидиновски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ