Ќе се формираат тимови за ЕУ скринингот

Скринингот за пристапувае во еу е многу комплексна тешка но и мн скапа операција, велат од владата но колку точно ке чини велат допрва ќе се прават пресметки. Освен со пари од граѓаните ке се финансира и со средства од ИПА фондовите. Нема ниту точната бројка колку луге ке брои преговарачката структура. Ќе се движи од неколку стотици до 100 велат од владата и уверуваат дека земјава има капацитет за успешно да ги изоди процесот

На вчерашната седница владата ја усвоила преговарачката стуктура и моделот по кој ќе се организира скринингот и преговорите. На врвот не координативното тело кое ке ги утврдува преговарачките позиции и е предводено од премиерот. Следно е државната делегација за преговори со ЕУ предводено од вицепремеирот Османи како главен политички прегпварач. Третата структура е преговарачката група  и задолжена за експертскиот и технички дел од преговорите, предводена од Маричик како технички преговарач.

Во 35- те работните групи освен административци ке учествуваат и експерти професори и претставници од граѓанскиот сектор, но за имиња вицепремеирот Османи вели од денеска започнува процесот на мапирање иинституции и селектирање на личности кои ке учествуваат. Конечните бројки и составот ке биде комплетиран до октомври.

 

Елена Ивановска Мукоска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ