Ќе се бара од скопските градоначалници да се вклучат во спречувањето на собирите на луѓето

И покрај големата бројка граѓани заразени со Корона вирус,  доволно е да прошетате низ Градскиот парк, низ пазарите и да се запрашате дали живееме во паралелни светови. Многумина се однесуваат како да е завршена пандемијата.  Загрижувачки се сликите кои граѓаните ги споделуваат на социјалните мрежи, прослави дружења, групирање по паркови без да се почитуваат мерките за кои со месеци се апелира. И токму затоа Комисијата за заразни болести се одлучи за средба со градоначалниците која требаше да се одржи денес, но е презакажана за во понеделник.

  • Целта беше со градоначалниците сепак они се  на едно локално ниво, ние сме државно здравствена комисија да тие сами преку советниците преку советите да прошетаат малку повеќе и тие помеѓу граѓаните и да поделат некоја маска, некое средство за дезинфекција. Да се укаже едноставно на граѓаните дека мерките треба да се почитуваат, вели проф.д-р Виктор Исјановски, директор на ЈЗУ Здравствен дом

Градоначалникот на Центар со свои предлози:

  • Ние имаме свои комунални редари и инспектори кои можат да постапуваат ако им се зголемат ингеренциите. Тоа беше нашата идеја и нешто што го дискутиравме, бидејќи бројот на полициски случбеници и сите останати кои што делуваат на терен е тој кој што го имаме, а имаме вонредна состојба и треба се зголеми бројот на човечки ресурси. Веќе и има таква најава, вели Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар

За градоначалникот на Чаир Висар Ганиу  каде бројот на дијагностицирани со Ковид 19 е навистина загрижувачки, сепак градоначалниците не се тие кои се надлежни да санкционираат.

  • Сите тие новости или препораки ние сме ги аплицирале, околу дезинфицирање, да апелираме. Значи ние ниту ја менаџираме полицијата, ниту УЈП ниту пазарниот инспекторатНие можеме да дезифицираме ако има некој заразен во одреден влез, вели Висар Ганиу, градоначалник на Чаир

За надлежните институции е несфатливо дека и покрај многубројните препораки и апели за сериозноста на Ковид 19 многумина ги игнорираат истите и со тоа не го загрозуваат само своето, туку и колективното здравје.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ