
Ќе работат и отворените трговски центри
Кафулињата празни, а маркетите преполни. Неделното врнежливо попладне граѓаните ги преплавија продавниците за храна. Но според мерките на владата, маркетите продолжуваат со работа дури и оние во затворените молови, банките и финансиските институции исто така продолжуваат со работа. Ќе работат и отворените трговски центри, а речиси целосно затворени остануваат моловите.