
Ќе помогне ли нова лидерска за закон за JO
Заев е подготвен за лидерска средба, Мицкоски уште не добил официјална покана. Дали ќе оди на лидерска ќе се знае откако ќе прочита во поканата кои ке бидат темите за кои ќе се ртазговара но и дали има некакви промени во ставот на власта по последната средба која заврши без договор, велат од неговата партија
Заев во изјава од Вашингтон вчера порача дека би бил подготвен следната недела да се сретне со шефот на опозицијата или пак работни групи да направат една средба. Целта е да се најде решение до средината на октомври во пресрет на одлука на министрите на ЕУ за датум за преговори. Потсети дека мегународната заендица очекува да биде загарантираиднина на предметите на СЈО но и на јавните обвинители, службите, стручните соработници во тоа обвинителство
- Јас се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција. Како секаде во регионот, така и во нашата земја има потреба од таква работа, каде што на предлог на опозицијата би се предложил обвинителот. Верувам дека и тука ќе продолжиме да разговараме. Начинот на изборот, која е гаранцијата дека може да се избере таква личност, како изборот би се одвивал побрзо, како ќе биде воспоставено тоа обвинителство, што со предметите поврзани со висока корупција преку тоа обвинителство или преу други обвинителства. Тоа се темите на разговор, рече Заев за ВОА.
Во пресрет на евентуална лидерска средба, извори од преговарачките тимови, за телма потврдуваат дека работните групи или претставници на двете страни можно е да се сретана и да се обидат евентуално да се усогласат по некои точки на разидување.
Ако дојде до приближување на ставовите за законот за ЈО, вмро дпмне очекува да се разговара и за прдвремени парламентарни избори бидејки според нив тоа е неопходно. Лидерот Мицковски во изјава за детектор на Сител предлага веднаш после одлуката на Европскиот Совет предчлага да се формираме техничка влада и во месец да одржат предвремени парламентарни избори. Премиерот Заев смета дека не е се потребни предвремени избори, очекува да го истера целиот мандат за да се стави ред во правната држава но и да може да ги исполни другите ветувања.
Елена Ивановска Муковска