
Ќе ја продава Градската куќа, опозицијата вели се работи за „бомбона бизнис“ на Шилегов
Лаги за јавноста и обид за „бонбон“ бизнис на градоначалникот Петре Шилегов. Со овие зборови советниците од опозицијата ја коментираат денешната одлука на Советот на Град Скопје, за продажба на Градската куќа, што ја градеше претходниот градоначелник Коце Трајановски и за чија изградба беа потрошени околу 12,8 милиони евра. Советниците од опоцицијата, кои револтирани од одуката за продажба, ја напуштија денешната седница на Советот, велат дека градоначалникот Шилегов на шверцерски начин сака да отуѓи нова, во замена за стара градба.
Зошто ја лаже јавноста дека нема да ја отуѓува Градската куќа и зошто полутајно, на шверцерски начин, преку злоупотреба на процедури продава новоизградена зграда? Кои се мотивите за продажба на Градската куќа? И најважно, дали однапред се знае кој ќе ја купи оваа куќа? Дали е вистина дека зад вакво отуѓување стои нова „бонбона“ бизнис, при што ќе ја отуѓи новата град, која беше наменета за Градска куќа, за возврат на неколку децении, стара градба.
вели Ирена Поповска- Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „ За заедничка Македонија“ во Град Скопје
Не сум ја лажел јавноста дека Градската куќа нема да се продава. Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ се лаги и зло, наместо да креираат конструктивна политика, возврати Шилегов. Според него, се работи за обид да се продаде Градската куќа зашто објектот е граден како мртвороденче, за кое се знаело дека нема да ја собере целата администрација на Град Скопје.
Станува збор за целосно нефункционален објект. Објект , за кој што сите анализи покажуваат дека нема да може да биде сместена постоечката администрација, од една страна. Од друга страна ако се има предвид дека процесите на децентрализација се веќе најавени и Градот ќе има други ургенции. Де факто сме направиле објект кој што не може да ја заврши својата улога. Објектот е на локација која не им користи на граѓаните.
рече Шилегов
Градската куќа, која е сместена на кејот на Вардар, до новата зграда на ЈП „ Водовод и канализација“, ќе се продава на аукција на електронскиот систем на ЗЕЛС, по цената за која е градена. Допрва треба да се формира комисија за продажба, во која треба да се вкучат и советниците од опозицијата, дополни градоначалникот.
Сотир Трајков