Ќе има ли отчет за (не)кампањата?

Митинзи, трибини, средби со граѓани, говори на министри, фалби, ветувања и критики…На една година пред избори, сценографијата е предизборна, иако партиите официјално не се во кампања. Ова ја отвора и дилемата, дали за овој тип на кампањи постојат правила? Дали, со изговор дека ова не е предизборна кампања, се заобиколуваат сите правила и прописи и се користат државни ресурси?

Од Транспарентност –Македонија велат дека, партиите имаат право на промоција на своите проекти и активности, но отчет мора да има.

Партиите, според неа,  треба да бидат транспарентни, особено за потрошените пари.

Од СДСМ тврдат дека нема злоупотреби.

Транспарентност потсетуваат дека  граѓаните и самите би можеле да пријават злоупотреба на државни ресурси, особено на возила и државни простории, а на располагање за тоа го имаат и  регистерот објавен од Антикорупциската комисија, за возила кои се во сопственост на државната администрација.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ