
Ќе има ли договор за ДИК и референдумот на лидерската средба?
Премиерот Заев очекува на лидерската средба сите политички партии да постигнат договор за ДИК , за датумот на одржување на референдумот и да се дефинира референдумското прашање. Измените на Изборниот законик биле пуштени од прагматични причини, со цел да не се блокра изборот на Дик затоа што ќе нема институција која ќе може да го организира референдумот.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети очекува од политичките субјекти да не поставуваат услови од политички причини, да се однесуваат разумно и да не ги кочат евроинтегративните процеси затоа што Македонија нема друга алтренатива. Смета дека во овој момент предвремени парламентарни избори не се решение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивниот лидер Мицкоски на лидерската средба ќе ги повтори барањата кои се востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март околу концептот за финансирање на политичките партии и техничка влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес. Од исходот на средбата ќе зависи и дали измените на Изборниот законик ќе бидат донесени или не. Владата вчера предложи, а Собранието ја изгласа потребата од носење на овој Законик по скратена постапка и со европско знаме со кој се предлага наместо со 81 членовите на ДИК да се изберат со 61 глас. Ова е прв пат лидерска средба да се одржи во широк состав, односно да бидат поканети сит елидери на партии кои имаат повеќе од еден пратеник.
Јулијана Пешевска