
Ќе доцнат ли учебниците за основно и средно образование?
Една недела пред почетокот на учебната година, министерот за образование и наука Арбер Адеми нема конкретен одговор за тоа дали и колку ќе доцни дополнувањето на учебниците за основно и средно образование. Извори за Телма од дел од издавачите кои ги издаваат и печатат учебниците велат дека оваа недела започнуваат со печатење на учебниците за основно, па потоа за средно образование. На прашањето на Телма дали ќе доцнат учебниците и до каде е печатењето, министерот Адеми одговори:
МГС: Арбер Адеми, Министер за образование и наука
Неофицијално, извори од издавачите за Телма велат дека две се причините поради кои ќе доцнта учебниците за учениците од основно и средно образование: долгот кој министерството го има кон издавачите за учебниците за минатата година, како и измените кои ги најави министертвото за 24 учебници во кои беа утврдени грешки. Издавачите пред десетина дена писмено се обратиле до министерството со барање да им го исплати долгот од лани за печатените учебници за да почнат да ги печатат учебниците од оваа година, што било одбиено од министерството. Издавачите информираат дека и покрај тоа, почнале да ги печатат учебниците.
МГС: Арбер Адеми, Министер за образование и наука
Неофицијално, поради доцна доставениот список од министерството кои учебници се потребни за препечатување годинава, издавачите нема да можат да го стигнат рокот кој го поставило министерството – комплетната квота на нови учебници да биде испечатена до почетокот на септември. Најрано книгите за основно образование би се комплетирале до втората половина на септември, а за средно најрано до крајот на октомври. Препечатувањето на оштетените учебници доцни речиси секоја учебна година, проблем кој најмногу ги засега учениците и нивните родители.
Јордан Дуков