Казни од 1.600 евра за училиштето каде се организираше Ифтар

Казни за директорката и училиштето во Радовиш во коешто се организираше ифтарска вечера за деца и возрасни.

Државниот просветен инспекторат потврди дека ќе се изреќат казни за училиштето и директорката коишто дозволила организирање на верски обред во објектот на училиштето.

По увидот којшто го изврши просветниот инспекторат утврдени се парични казни во висина од 1600 евра а директорката со 1120 евра.

Инспекторатот вината за настанот ја лоцира во директорката за што ќе поднесат барање за нејзино разрешување.

Од општина Радовиш велат дека немаат добиено никаква препорака ниту пак стасал извештајот од инспекторатот. Ќе информирале откако ќе ги имаат потребните документи.

Инаку, за случајот со ифтарската вечера јавноста дозна преку кусо видео коешто се појави во петокот на каналот Јутуб. Од видеото се гледа дека холот на училиштето е искористен за организирање на ифтарска вечера на којашто пее оџа, а најголемиот број од присутните се ученици.

Директорката досега не се огласи зошто дозволила организирање на ифтар во училиштето Крсте Петков Мисирков.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ