Казна од 3.000 евра за фирмата Екоцентар 97 поради инцидентот со отровниот метил акрилат
Максимална казна
од 3.000 евра за фирмата Екоцентар 97 која доби тендер во висина
од два милиони евра за да исчисти 11 опасни хемикалии од Охис, каде се случи и
опасниот инцидент со протекувањето на отровниот метил акрилат.
Како што
информираат за Телма од Државниот испекторат за животна средина санкцијата е
изречена согласно член 139 став 1 точка 3 со врска со член 24 од законот за
управување со отпад, Инспекторатот утврдил дека фирмата Екоцентар 97 не постапувале
со должно внимание.
Според
испитувањата на инспекторатот нема надминување на емисии над дозволените граници
во амбиенталниот воздух.
Телма дознава
дека е готов и извештајот на лиценцираната лабораторија од Штип која беше
овластена да го провери работењето на фирмата Екоцентар 97, според резултатите
од извештајот надлежното обвинителство треба да одлучи дали кај фирмата постои
основа за кривично гонење.