
Казна од 150 евра за насилните полски навивачи
Сите полски навивачи кои во петокот поради нарушување на јавниот ред и мир беа проиведени ќе платат казна од 150 евра но нема да им биде забранет влез во земјава.
Станува збор за 223 полски навивачи ко се степаа меѓусебе во петокот кај градскиот Парк непосредно пред фудбалскиот натпревар Македонија полска.
Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека пасошите на поголем број од навивачите им биле одземени додека не ја платат казната, а потоа им се вратени.