Кавги, казни и правни дебати на денешното рочиште за Титаник 2

Напната атмосфера со кавги, казни и правни дебати го одбележаа денешното рочиште за Титаник 2 за прегласувањето во Струмица на претходните локалните избори на кое сведочеа тројца пораншени и сегашни членови на ДИК и екс претседател на општинската изборна комисија во Струмица.

Виолета Дума сведочеше дека нејзниот поранешен колега Бедредин Ибраими обивнет во овој предмет на седницата во ДИК добил телефонски пвоик но не беше сигурна дали таа видела или пак тој и кажал дека го бара шефот.

Пред телефоснкиот повик Ибраими бил на иста линија со неа во дискусијата дека не треба да се прифати приговорот на вмро дпмне за прегасување на конкретното избирачко место но на крај гласал за со што со 4 наспроти три гласа било прифатен приговорот. Борис Кондарко и Субхи Јакупи не се секаваа на детали од седницата но рекоа дека биле против прегласување во Струмица.

Обивнителката Фетаи приговараше на речеиси сите прашања на одбраната со објаснување дека прашањата што ги поставуваат се директни а не вркстени какви што треба да им поставуваат на сведоците што таа ги предлага, адвокатите пак одговараа дека им се нарушува одбраната. Ибраими реагираше и дека му се врши тортура.

Двете спротивставени страни со високи тонови се обвинуваа и кој кому упаѓа во збор. Судијата Огнен Ставрев најави парична казна за адвокатот Дангов кој на почетокто на судењето не дојде бидејки во исто време беше и предметот за 27 април. Дангов дојде еден час подоцна откако веке адвокатот Шврговски прифати да го застапува и неговиот клинет Сашо Срцев.

На сред судење снема струја во судот потради што имаше и пауза а атмосферата ја дополнувааа и звуците од климата која со месеци капе во кофа во судницата но денеска на моменти се интензивираше што звучеше како да минува река во судница.

Според обивнението за титаник два -екс директорот на УБК мијалков му се јавил на лидерот на ДПА Тачи и побарал од него да му наложи на Бедреди Ибраими да гласа во корист на приговорите на вмро дпмне. Според сјо членовите на ДИК ја злоупотребиле службената положба бидејки не постоел зкаонски услов да го прифатат приговорот. Мијалков одговата за примање награда за протвизаконито влијание.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ