
Кавга на советниците во Центар спречи одлука за Иницијативата за Треска
Кавга на советниците во Општина Центар повторно го одложи гласањето за Иницијативата на триста граѓани, околу организацијата на архитектонско-урбанистички конкурс за земјиштето кај поранешната фабрика „Треска“. Присутните во салата реагираа и си дофрлаа за начинот на којшто претседателката на Советот ја води седницата, пред да дојде на ред дискусија за Деталниот урбанистички план „Буњаковец 2“ во кој е спаѓа и локацијата кај „Треска“.
На ова се спротивставија други советници кои не гледаа потреба да се дискутира за начинот на кој се води седницата, кога главниот фокус е на една иста работа – Иницијативата на граѓани и архитекти.
Претседателката на Советот на Центар остана на својот став дека оваа седница за Иницијативата не треба да биде распишана како вонредна и со нови заклучоци кои се разликуваат од заклучоците на претходната седница, што сега не биле прифатливи за градоначалникот Богдановиќ.
Деталниот урбанистички план „Буњаковец 2“ во кој спаѓа и локацијата кај „Треска“ во овој момент е под мораториум и е под ревизија, а во него се нацртани триесетина згради. Граѓани и архитекти преку потписи на Иницијатива, се борат за идниот изглед на земјиштето кое се наоѓа помеѓу две големи населби Карпош и Центар. Експертите сметаат дека мора да се внимава и на процентот на зеленило кој ќе се најде помеѓу идните згради таму.
Петар Догов