Кавадарци ја доби својата „Coca-Cola Активна зона“

Кавадарци денес ја доби својата „Coca-Cola Активна зона“, а кавадарчани им се придружија на илјадниците граѓани што веќе уживаат во единаесетте атрактивни „Coca-Cola“ спортско-рекреативни зони отворени низ цела Македонија. Донацијата е од компанијата „Coca-Cola“ и од Пивара Скопје.

„Ми претставува особено задоволство што денес, во еден од најспортските градови во Македонија ја отвораме дванаесеттата по ред Coca-Cola Активна зона. Успешноста и резултатите од проектот се евидентни – за 3 години поставивме 12 Активни зони ширум Македонија, а секојдневно ни пристигнуваат нови барања за отворање на Aктивни зони и во другите општини. Преку платформата ‘Coca-Cola Активни зони’, освен што поттикнуваме иницијатива за активен начин на живот, спорт и рекреација, промовираме концепт со опсежни придобивки за целата заедница од аспект на инклузија на граѓаните од различни категории со ист интерес“, рече Владимир Косијер, Генерален директор на Пивара Скопје на денешното свечено отворање на „Coca-Cola Активната зона“ во Кавадарци.

Кавадарци е дванаесеттата општина опфатена со овој проект, по Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш, како и на трите локации во Скопје ‒ на Кејот на реката Вардар, во Општина Гази Баба и Општина Чаир.

„Coca-Cola Активните зони“ се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани 24 часа на ден.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ