
Кацарска со писмено известување до Џафери дека Груевски е правосилно осуден
Судијката Добрила Кацарска денеска испратила известување до претседатлеот на собранието Талат Џафери дека 2 годишната затворска казна на Груевски за примање награда за противзаконито влијание во случајот Тенк е правосилна, дознава Телма од судски извори. Ова известување е поврзано со член 59 став 1 во собранискиот деловник во кој пишува дека
- За пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието доставува судот кој ја изрекол казната. Претседателот известувањето веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатноимунитетни прашања.
Според Уставот на пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.