Кацарска му порача на обвинетиот Ѓошевски, Како да сме гледале различни снимки

Бурно на распитот на обвинетиот Горан Ѓошевски Леви, обезбедување на Трајко Вељановски и обвинет во случајот за крвавиот четврток. Судијката Добрила Кацарска со прашања се спротивстави на одбраната. Кацарска прашуваше зошто Ѓошевски и го покажувал патот на масата народ предводена од Никола Митревски Кољо и дали се познаваат добро за да во негово присуство да ја крши вратата до прес салата. Ѓошевски се бранеше дека со Кољо се познава од времето додека работел во Автокоманда, а тој сам рече не можел да спречи толпа луѓе.

Кацарска уште се интересираше и зошто Ѓошевски комуницирал со Митко Чавков, кога тој не му е надлежен. Зошто тој одобрил да им се отвори на обвинетите од УБК за да ги земат снимките од камерите и дали додека има други кривични дела во околина на Ѓошевски му е само должност да го чува Претсеадавачот и да не реагира. Обвинетитот потенцираше дека по препорака од Савевски од штабот му се јавил на Чавков, негираше дека тој дал одобрение за земање на снимките и дека имало други полицајци од ЕБР кои само стоеле. Другите обвинети прашаа дали полицајците биле полиција или споменици, на што судијката искоментира „На кое дереџе спадна полицијата“.

Во толкувањето на снимките мислењето на судијката и обвинетитот беа различни за тоа што се случувало на крвавиот четврток. Како различни снимки да сме гледале искоментира Кацарска, на што Ѓошевски одговори дека судот може да си ги толкува како сака. Судењето за Терористичко загрозување на уставниот поредок продолжи со одбрана на Мунир Пепич и сведоци меѓу кои е и претеникот Влатко Ѓорчев.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ