Кацарска: Александар Василевски Нинџа во оваа фаза не може да прави спогодби со судот

Од соопштението испратено до медиумите од страна на Основното јавно обвинителство може да се заклучи дека ОЈО истрагата ја темели врз база на сведочењето на Александар Василевски Нинџа. Судијката Добрила Кацарска, која го води процесот, вели дека Нинџа со нејзе нема никаква спогодба.

Со судот не може да се спогодува, не во оваа фаза. Се знае кога може обвинет да прави спогодба пред судот. Со мене во никој случај, на крај на завршни зброви сме, не станува збор да прави било каква спогодба. Дали со обвинителството има некаков договор, некаква спогодба, тоа јас не би можела да коментирам, изјави пред судот Кацарска.

Таа не сакаше да коментира за апсењата на поранешните високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот спикер Трајко Вељаноски, Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Рисовски. Вели тоа е предмет на кој сега работи обвинителството и таа не можела да коментира.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ