
Католичките верници од Струмица се горди што папата доаѓа во земјава
Католичките верници од Струмица се горди што папата доаѓа во земјава. Повозрасните особено. Велат дека ниту на сон не помислувале дека е можно да доживеат еден таков момент, посета на поглаварот на Римо-катличката црква.
Бискупот Киро Стојанов пак, вели дека веста за доаѓањето на папата ја примил со огормна радост, но не и изненадување.
Според Стојанов, посетата на папата е историски ден за католичките верници но и за државата.
Во струмичко е една од поголемите католички заедници во целиот Југоисточен регион, вклучувајќи ги Богданци и Гевгелија, но и во целата држава.
Сузана Мицева