
Катица останува во болница, Ременски не е виновна според премирот Зоран Заев
Втор ден како Катица Јанева е на слобода откако судот и дозволи од истражниот затвор Шутка да се премине во приватната болница Жан Митрев за да прави испитувања на срцето. Синоќа пристигнала во тешка здравствена состојба, а денеска подлежи на дополнителни испитувања потоврдуваат нејзините адвокати.
„Се уште се прават анализи, пронајдени се аномалии при коронографијата извршена вчера, во моментов по препорака на докторите под 24-часовна опсервација и останува засега во болницата,“ вели Ирена Фрчковска адвокат на Катица Јанева.
Одбраната на Јанева ги троши псоледните правни оружја за да може Јанева да се брани од слобода откако јавното обивнителството за гонење организиран кримнал истрагата ја преточи во обвинение и го испрати до судот.
„Веројатно откако ќе ја добиеме одлуката за понудената гаранција за ослободување од притвор ако и таа биде негативна ќе поднесе барање за замена на најстрогата мерка притвор со поблага мерка за обезбедување куќен притвор бидејќи сметаме дека сите услови се исполнети имајќи предвид дека обвинението е поднесено, истрагата е завршена и сите докази се собрани,“ вели Ирена Фрчковска адвокат на Катица Јанева.
Откако обвинителството почна да ги сомничи Ременски, Јасна Мандиќ, асистентката и татко му на Боки 13 за добиени 1 милион евра од двајца бизнисмени на сметка на невладината „Меѓуанроден Сојуз“ како продолжување на случајот „Рекет“ премирот Зоран Заев застана во добрана на претеничката Фросина Ременски која вчера остана без пасош во кривичниот суд, а партиајта ги замрзна функциите.
Ременски останува пратеник до редовите на СДСМ и потпретседателка на собранието, но и осомничена во продолежнеито на аферата „Рекет“ дека сторила кривично дело помгање при измама. Измама и перење пари дела кој ги сторил Боки 13.
Павле Беловски