Катица Јанева се уште се мисли дали да даде исказ пред Русковска

Додека Катица Јнева се уште размислува дали воопшто да даде исказ во своја одбрана, нејзиниот пријател Бојан Јовановски веќе утре ќе се најде очи во очи со обвинителката Вилма Ристовска. За утре на пладне е закажан терминот кога Боки 13 ка ќе треба да даде исказ пред обвинителката за организиран криминал и корупција, откако заедно со неговата одбрана ги добија доказите кои ги има обвинителството против него. Се работи за обемен материјал од вештачењата на телефоните испишан на илјада и петсотини страници, но и снимките од следењата како и оние кои јавноста веќе ги виде а се снимани тајно во домот на бизнисменот Орце Камчев. Од друга страна истекува рокот и кога и неговиот адвокат ќе треба да ги достави доказите кои би биле одбрана за Јовановски. За разлика од него Јанева се уште не се решила дали ќе даде исказ пред Русковска. Нејзините адвокати велат дека утре ќе се сретнат со екс специјалната обвинителка во затворот во Шутка, каде таа ќе треба да ги извести како понатаму да делуваат. Таа е се уште во притвор но во исчекување на одлуката на Скопскиот апелационен суд. Тој ќе треба да ја разгледа нејзината жалба поради тоа што кривичен не и ја прифати гаранцијата. Сега работите се променети бидејќи Јанева освен што како адут дека нема да бега ги приложила трите станови на нејзините блиски, таа веќе нема опасност да влијае врз истрагата бидејќи е завршена. Сепак од Апелациониот суд го чекаат мислењето на Вишото обвинителство како одговор на жалбата на Јанева, да ги разгледаат аргументите на двете спротивставени страни  па да донесат одлука. Од обвинителството велат дека се уште не е испратено мислењето за притворот. Инаку  термин за исказ во своја одбрана нема ниту за второосомничениот Зоран Милевски Кичеец, кој пак за разлика од Јанева и Јовановски се брани од куќен притвор, а за тоа доби и позитивно мислење од обвинителството. Во меѓувреме никој не открива дали неговиот клиент е подготвен да се спогоди со обвинителството, за да нема јавно судење. Тоа можат да го сторат се додека обвинението не влезе во кривичниот суд. Со крајот на истрагата и увидот во доказите, започнува да тече рокот од еден месец во кој обвинителката Вилма Русковска би го поднела обвинението за случајот Рекет. Истрагата во делот за Меѓународниот сојуз на Боки 13 ка се уште не е завршена но извори За Телма брифираат дека привршува.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ