
Катица Јанева од келија во Шутка бара апанажа
На комисијата за избори и именување денеска меѓу точките на дневен ред е и разгледување на барањето за панажа за 12 месеци поднесено од правните застапници на притворената и обвинета поранешна специјална обвинителка Катица Јанева.
Јанева бара апанажа врз основа на законските можности кои не исклучуваат и не забрануваат притворени или разрешени функционери да си бараат апанажа.
Јанева е обвинета во случајот Рекет заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски.