
Катица Јанева ја губи поддршка од колегите обвинители
Расте револтот кај обвинителите во СЈО кон Катица Јанева откако организран криминал отпочна истрага за „Рекет“.
Синоќа Фетиме Фетаи не ја пронајде шефицата за да ја праша зошто издала наредба да се претресува на влезната врата, а нејзината заменичка Ленче Ритоска изутринава се огласи на социјалните мрежи од Шкотска со порака – „Со панично движење подлабоко се тоне во жив песок“, ќе напише Ристоска, но без да прецизира за кого се однесува објаснувањето за овој природен феномен.
Згрозена од она што го чула од колегите, обвинителката Лиле Стефанова на доаѓање во судот порача дека нема да дозволи никој да ја претересува.
Сомнежите дека стручната соработничка на обвинителот Бурим Рустеми вчера изутрина изнела документи во чанта, што ја предизвикало реакцијата Јанева да побара претереси на велз и излез ги разобличи Рустеми кој потврди дека освен материјалите за судењето ТНТ, во таа чанта немало ништо доверливо и загрозувачко за Јанева.
И службата за информирање, и Јанева, пак, со ист одговор дека наредба за претрес не е дадена, но како вратарот одлучил да проверува чанти објаснување нема.
Понеделничкиот колегиум во СЈО на кој наводно Јанева им викала на оние кои биле присутни, дека ако пропадне сите ќе ги повлекла надолу различно го толкуваат сите обвинители, а според Рустеми засега деталите треба да останат во СЈО.
Однадвор не може да се претпостави што се случува во СЈО.
Обвинителите со интересни и затскриени коментари, а прстот го држат вперен кон нивната шефица. Односот Камчев- Јанева го искоментира и обвинителката Стефанова.
Должна на „бомбардирањето“ со аудио и видео снимки од италијанскиот портал Ла Верита не остана Јанева која го призна присуството на својот глас во разговорите, а така постапувала, бидејќи се обидувала бизнисменот Орце Камчев и давател на милионот на Боки 13 да го направи сведок – соработник, ќе објасни Јанева и оттогаш ќе замолкне во јавноста.
Павле Беловски