
Катица Јанева физички присутна на „Рекет“, а главна тема на ТНТ
Катица Јанева, „Рекет“ и Меѓународен сојуз беа дел од поентите на обвинетите на судењето за ТНТ коесе одржуваше еден кат над судницата во која им се судеше на екс специјалната обвинителка и Боки 13. Судијата Огнен Ставрев дури го потсети адвокатот Јовица Страшевски дека дава воведен говор за ТНТ а не за Рекет и дека треба да ја презентира стратегијата на одбраната а не да говори за други предмети на што адвокатот возврати дека можеби на судијата не одговара тоа што го говори.
Освен Страшевски кој го брани екс градоначлникот Тони Трајковски и ексминистерот Миле Јанакиевски најави дека ќе ја бара Катица Јаневаи за сведок. Највија дека ќе докажуваат дека предметот бил политички монтиран а обвинението потпишано од Јанева која е разрешена и обивнета поради несовесно работење и злоупотреби.
Миле Јанакиевски, обивнет во ТНТ:
Во текот на главната расправа ќе докажеме со 18 пресуди дека уривањето на Космос било законско. Немам потпишано ниту едно ливче поврзано со оваа постапката. Ќе докажеме дека не сум имал цел да му се одмаздувам на инвестиорот Фијат Цановски.
Одбраната смета дека бомбите повеке не можат да бидат докази затоа што предметот повеќе не го води СЈО и бараат да се се одложи постапката до донесувањето на новиот закон за јавно обвинителство.
Судењето за ТНТ почна од почеток поради промена на поротниците. Претходно се одлагаше поради здравствената состојба на Трајковски. Тој денеска дојде на судење рече дека полека му се подобрува здравстемата ситуација но дека се уште не е како што треба на што судијата му забележа дека изгледа добро а обвинетиот тоа го прифати како комплимент.
Елена Ивановска Мукоска