Катимерини: Нов предлог на маса непознат за јавноста ќе ја замени „Илинденска“

Ново име за севкупна употреба е ставено на маса, откако нема согласност за предлогот Илинденска Македонија, пишува денеска грчки Катимерени. Според нивни дипломатски извори – новото име досега не е познато за јавноста, а е поврзано со Крушево и илинденскиот период.

Грчкиот весник вели дека новото име ќе го рефлектира словенското потекло на земјата, отфрлајќи поврзаност со антиката. Според „Катимерини“ македонската страна ги одбила предлозите Горна Македонија и Нова Македонија како „ерга омнес“.

Весникот пишува дека министерот за надворешни на Грција, Никос Коѕијас е во засилен дипломатски спринт. И по утрешната средба со колегите министри за надворешни работи во Брисел ќе отпатува во Германија каде ќе се сретне со претседателот Штајнмејер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ