Катерина Ставриќ си поднесе оставка на директорското место на Клиниката за детски болести

Катерина Ставриќ нема повеќе да раководи со Клиниката за детски болести. Оставката ја поднелa уште пред изборите.

Од министерството за здравство потврдија дека Ставриќ се повлекува од функцијата, но велат дека не знаат кои се причините.

Дали ќе ја прифати оставката, министерот Филипче ќе одлучи по средбата со неа во текот на неделата. Доколку причините за оставката не множат да се надминат, дури тогаш ќе се бара нејзина замена.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ