Катастар отвори посебен регистар на имот одземен од банки и државата

Илјада двесет и седум станвии и деловни објекти и 278 парцели содржи регистарот на одземен имот кој денеска го промовираше Катастарот. Во овој регистар се содржи имотот на граѓани кои го изгубиле односно им бил одземен од банки поради ненавремено плаќање на долгови или пак бил одземен со пресуда во судски случаи кои ги водела државата.

Регистарот е поставен на веб страната на Катастар и во него се содржат сите клучни податоци како град, број на парцела, број на имотен лист, квадратура, местоположба и сопственост односно дали и која банка е сопственик или пакј станува збор за државан институција.

Регистарот ќе го води Катасатрот а во него автотматски ќе се ажурираат податоците бидејќи токму во оваа институција се внесува промената на сопственост со што се избегнуваат манипулации односно прикривање на податоци од банките за евентуална продажба во четири очи.

Тунџев смета дека со овој регистар ќе се зголеми транспарентноста во овој сегмент и граѓаните но и инвеститорите ќе имаат еднаква шасна да купат имот кој веќе е одземен.

Од Катастарот соопштија дека регистарот ќе се надоградува и во втората фаза ќе се вклучат податоци од извршители, министерството за финансии и стечајни управници.

Огнен Чанчаревиќ



Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ