Карантинот Цар Самоил во Банско ги прими првите 180 граѓани од Берлин

Исплашени, вознемирени и преморени пристигнаа синоќа македонските граѓани во државниот карантин во Банско. Хотелот Цар Самоил беше подготвен да прими околу 180 граѓани кои дојдоа со поладневниот лет од Берлин. Целиот процес одеше под силно полициско обезбедување, бидејќи во текот на денот имаше непристојни и навредливи коментари на граѓани, но и говор на омраза на социјалните мрежи. Пред хотелот немаше немири, но беше тензична атмосфера.

Патниците не сакаа многу да зборуваат. Оние што разговараа со новинарите се жалеа главно на долгото тормозење. Патот бил исцрпувачки најмногу за малите деца.

Во хотелот имаше повеќе волонтери на Црвен крст Струмица но и медицински екипи. Директорот на струмичката болница Наќе Гогов синоќа на својот фејсбук профил објави да не се крева паника бидејќи луѓето ние се болни ниту имаат симптоми, но се изолирани заради безбедност.

Тој рече дека лекари и медицински персонал одбиле да ја направат интернистичката анкета на патниците, но денеска не одговараше на телефон да ја потврди веста и да каже кој лекари и членови на персоналот ја одбиле задачата.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ