
Карантин бараат повеќе општини, Филипче вели дека за сега нема потреба
78 годишен дебарчанец и 45 годишен кумановец се новите жртви на Ковид 19 во земјава. Дебарчанецот се лекувал на инфективна од 27 март имал хронично обструктивен бронхит и хипертензија. Други здравствени проблеми имал и кумановецот, имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност,
Двајца починати пациенти и рекордни 44 дијагностицирани за едно деноноќие е здравствениот биланс за корона вирусот по направени 392 теста. Повеќе од половина од новозаболените се од Куманово, 23. Во Скопје нови 12, Битола три, Тетово и Струга по два, Штип и Прилеп по еден.
Од вкупната бројка заболени од корона, 329 најмногу има во Скопје 175. Куманово во број на заразени го достигна Дебар со 47 позитивни на Ковид 19. Кризниот штаб во Куманово и натаму бара карантин за градот, министерот за здравство вели засега за сега мерките кои се на сила се доволни.
Свесни сме за барањата, но барања има од повеќе општини. Ние одлуките ги носиме врз основа на проценката на епидемиолозите, на поврзаноста на случаите детектирани до тој момент, каква е нивната релација во однос на кластерите, во однос на иницијалниот извор на болеста, рече Филипче.
Инспекторите од здравствениот инсекторат во Охридската болница утврдиле пропусти во третманот на пацинетката од струшко Татеши која не беше примена во болницата, информираше Филипче и најави мерки за сите инфолвирани. Неговиот заменик пак кажа дека во струшката болница нема инфективно одделение но докторите постапуваат според протоколите и симптомите. За пациентката од Лабуништа што почина се уште се чекаат резулатати од тестот додека друга пациентка од истот село што беше донесена во Скопје од струшката болница била негативна.
На инфективна има 54 пациенти 4-ца се критични. Неделава почнуваат со работа мобилните тимови во Скопје кои меѓу другото имаат цел да се земаат брисеви за тестирање од постарите лица за да не излегуваат од дома. До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.
Елена Ивановска Мукоска