Каракачанов се закани со блокирање на Македонија во НАТО и ЕУ

„Г-не Заев не ја злоупотребувајте темата со македонскиот јазик. Тоа може да ве чини членство во НАТО и ЕУ“, ова е предупредувањето до македонскиот премиер кое денеска преку фејсбук стигна од вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов. Лидерот на ВМРО—Бугарско Национално Движење ја искористи изјавата на Заев дадена пред една недела дека со Преспанскиот договор се потврдува постоењето на макадонскиот јазик и никој нема право тоа да го оспорува, за да му посочи дека македонски јазик не постои и оти нема да дозволи тајно воведување на македонскиот јазик.

„Македонскиот јазик, кој не е признаен од никого како официјален јазик, не може да се смета како таков на целата територија на Северна Макеоднија. Северна Македонија е географско име кое вклучува и територија на Република Бугарија. Заев во тој контекст утре може да побара употреба, целосно идентичениот бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик и кај нас, што е недозволиво и провокација“, напиша Каракачанов на фејсбук.

Каракачанов во текстот остро ја напаѓа работата на заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања. За неа вели дека таа не работи во полза историската вистина, при што го оценува поднесувањето од македонска страна на  список на бугарски учебници кои содржат националистички, реваншистки авторитарни  текстови кон Македонија, како агресивно и дрско. Каракачнов е на став дека под таков притосок од македонска страна Комисијат нема да може да ги заштити бугарските интереси.

„Ако биде усвоен и еден невистинит историски факт, ако дури и еден историски факт биде заменет, ќе побарам категоричката позиција од страна на државата, кандидатурата на Македонија за НАТО и ЕУ да не биде поддржана“, предупредува Каракачанов.

Лидерот на десничарската ВМРО-БНД притоа вели дека да прифатат  со обратно читање на историјата да влезат во НАТО и ЕУ, на грбот и на сметка на Бугарија, уште помалку тајно воведување на македонски јазик.

Бугарската министерска за надворшени работи, Екатарина Захариева, пак вчера изјави дека Комсијата формирана по Договорот за добрососедство досега имала три состаноци и оти имало притисок од македонска страна за историските прашања, но оти Бугарија нема комплекси и оти „треба да ги учиме нашите луѓе на вистината“.

Изјавата на Заев околу македонскиот јазик и негово изучување во Грција претходно предизвика бура од реакции во Грција, при што поранешнинот шеф на грчаката дипломатија, Никос Коѕијас, рече дека да бил сè уште министер „ќе го потегнел за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц“, а медиумите објавија информациј дека Атина со анекс на Преспанскиот договор ќе се бара да се додефинира ова прашање.

Тамара Грнчаровска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ